Лионел Меси кој пет пати ја освојуваше „Златната топка“ си замина од фудбалскиот Мундијал во Русија. Според медиумите, останува неизвесноста дали најголемата ѕвезда на Аргентина ќе продолжи да го носи дресот на „гаучосите“.
Меси и неговата селекција вчера загубија од Франција со 4:3 во еден од најспектакуларните натпревари во поновата историја на светските првенства. 31-годишниот Меси кој учествуваше на 4 светски шампионати (2006, 2010, 2014, 2018) има дадено 6 голови.
Еве ги сите погодоци на Меси на СП: 2006 – против Србија и Црна Гора (1), 2014 – против Босна и Херцеговина (1), 2014 – против Иран (1), 2014 – против Нигерија (2) и 2018 – против Нигерија (1)