Напаѓачот на Уругвај, Едисон Кавани, кој вчера ги постигна двата гола за победа на неговата селекција против Португалија во елиминациската фаза на Мундијалот во Русија, вели дека е пресреќен.
„Немам зборови да опишам како се чувствувам. Се боревме до последната секунда и заслужено одиме понатаму. Верувам дека ќе играм на наредниот меч против екипата на Франција“ потенцираше Кавани кој во финишот на мечот беше принудно заменет откако се пожали на повреда.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ни помогнаа да стигнеме до тука. Победивме селекција за која игра големиот Роналдо кој јас многу го почитувам“ вели Кавани.