Селекторот на репрезнетацијата на Данска, Оге Хареиде, не го криеше разочарувањето од елиминацијата на пенали од Хрватска во синоќешниот осминафинален меч на Мундијалот.
„Нашите тројца најдобри играчи промашија од белата точка вечерва. Но ова се случува кога ќе дојдете до изведување на пенали. Ова е таа брутална страна на фудбалот. Хрватска е најдобра од контранапад, па затоа беше важно да ја имаме контрола над натпреварот и мислам дека тоа одлично го направивме, особено во вториот дел“, изјави селекторот на Данците.