Челниците на фудбалскиот состав Реал Мадрид експресно ја демантираа вчерашната информација во медиумите дека испратиле понуда од 310 милиони евра за купување на играчот на ПСЖ, Нејмар.
„Нашиот клуб комплетно се оградува од информациите кои „ТВЕ“ ги објави околу наводната понуда до ПСЖ за Нејмар. Тврдиме дека тие информации се лажни. Реал Мадрид не испратил никаква понуда“ – се наведува на официјалната интернет страница на Реал Мадрид.
„Навистина сме изненадени и прашуваме дали е можно национална шпанска телевизија да објавува таква лага?“.