Грчкиот интернационалец, Сократис Папастатопулос, официјално беше претставен како нов фудбалер на Арсенал.
30-годишен дефанзивец кој пристигна од Борусија Дортмунд, успешно ги помина медицинските прегледи а „Топчиите“ потврдија на нивната официјална веб-страница дека Сократис ќе го носи бројот пет .
Интересно е што Сеад Колашинац кој во изминатото лето се активираше во тимот од Лондон повторно ќе остане без посакуваната „петка“ на дресот и ќе мора да игра со бројот – 31.