Францускиот фудбалски репрезентативец, Пол Погба, имаше само пофални зборови за неговиот колега Килијан Мбапе кој се наметнува да ја добие наградата за најдобар млад играч на тековниот Мундијал во Русија.
Членот на ПСЖ кој покажува блескави партии во континуитет, доби пофалба и од Пеле. Токму Мбапе со погодоците на средбата со Аргентина успеа да се изедначи со легендарниот бразилски напаѓач. Двајцата како тинејџери имаат постигнато по два гола на еден меч од нокаут-фазата на Мундијалите.
„Тој е неспоредливо поталентиран играч од мене. Го гледате ли што прави со само 19 години? Не, ја никогаш не бев толку добар. Толку е брз, подвижен…јас воопшто не можам да се споредувам со него“, изјави Погба пред средбата со Уругвај во рамките на четврт-финалето на Мундијалот.