Фудбалерот на Спортинг (Лисабон), Желсон Мартинс пред трансфер во екипата на Атлетико Мадрид. Информацијата беше потврдена од страна на авторитетниот шпански весник „АС“.
Мартинс е подготвен да се пресели во Мадрид и веќе разговарал со челниците на оваа екипа и постигнале договор, па сега се очекува официјална потврда. 23-годишниот Мартинс потекнува од фудбалската школа на Спортинг, а во 2015 година дебитираше за првата екипа.
Од тогаш до сега има одиграно 92 натпревари и постигнато 18 гола. Играчот од средниот ред одлучи да ја напушти Португалија по немилите настани во клубот предизвикани од поранешниот претседател Бруно де Карваљо.