Селекторот на Бразил, Тите, го објави списокот за денешниот меч од 1/4 финалето против селекцијата на Белгија.
„Марсело се враќа во тимот. На двата последни натпревари не играше заради ситна повреда, но утре ќе биде дел од тимот. Филипе Луис одигра солидно, но мојот избор за лев бек е Марсело. Други измени не би требало да има“, вели Тите.
Почетниот состав на Бразил ќе претрпе уште една измена, Фернандињо ќе игра на местото на Касемиро, кој е казнет заради два жолти картони.
