Фудбалерите на Русија иако играат одлично на Мундијалот, нема да добијат посебни премии доколку направат историски успех.
Тие велат дека е чест и обврска да се игра за националниот тим и затоа не очекуваат да бидат богато наградени. Сепак, Рускиот Фудбалски Сојуз заработи 16 милиони евра и најверојатно играчите ќе добијат одредена сума.
Згора на тоа, Претседателот Владимир Путин , има традиција да дели големи премии или луксузни автомобили за олимписките лауреати што значи дека и фудбалери можат да очекуваат нешто слично доколку успеат да дотуркаат далеку на Светскиот шампионат.

