Белгиска продавница за бела техника може да претрпи сериозен финансиски удар доколку белгиските фудбалери на Мундијалот во Русија продолжат да ги решетаат противничките мрежи.Имено, пред почетокот на Светското првенство беше направена промоција дека парите за секоја купен телевизор ќе им бидат вратени на клиентите доколку Белгија постигне повеќе од 15 голови.
Во компанијата очигледно размислуваат за најлошото сценарио бидејќи Белгија даде 9 голови во групната фаза а потоа уште три во 1/8-финалето со што се доближува полека до 15 погодоци. Меѓу клиентите на продавницата е познатиот белгискиот напаѓач, Дрис Мертенс кој изјави.
„Сосема е можно телевизорите да бидат бесплатни за луѓето. Со квалитетите на Лукаку и Азар, сè е можно. Играме добро во нападот” – искоментира Мертенс кој даде гол на мечот со Панама.