Македонскитe автомобилисти Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски имаа свој настап на трката од „ТЦР-шампионатот“ која се одржува во Унгарија на патеката „Хунгароринг“.
Стефаносвки ја заврши првата трка на тринаесеттата позиција, додека давидовски беше веднаш зад него. Иџе започна од 17 место, но до крајот успеа да напредува само неколку позиции. Имаше и мала незгода на патеката, која го оневозможи да го подобри својот пласман. Вториот македонски возач, Виктор Давидовски, стартуваше од 23 место, а на крајот успеа да дојде до 14. позиција во конечниот пласман.
Победник на трката во Унгарија е српскиот возач Душан Борковиќ, а подиумот го комплетираа Стиан Паулсен и Даниел Наѓ.
Утре се вози и втората трка во ТЦР-шампионатот на „Хунгароринг“ , а стартот е закажан во 11.50 часот.