Фудбалерот, Кевин Гамеиро, е ново име во редовите на Валенсија откако елитниот шпански прволигаш успешно ги финишираше преговорите со Атлетико Мадрид и плати отштета од 20 милиони евра.
Напаѓачот има богато искусто во Примера Дивизион бидејќи подолг период настапуваше во Севилја и Атлетико Мадрид. Гамеиро откако не влезе во плановите на Диего Симеоне се определи да ја промени средината и да потпише се Валенсија.
Тој на „Месталја“ доаѓа како замена за Симоне Заза кој во текот на летово си замина од тимот. Гамеиро ќе заработува околу три милиони евра по сезона.