Италијанскиот тим Интер може да се пофали дека е една од ретките екипи кои изминатите години секогаш имале свој преставник во финалните натпревари. Оваа убава традиција започна во Шпанија на СП 1982 година кога дел од финалето беа Бергоми и Ориали.
На следното СП во Мексико во финалето играше Карл хајнц – Румениге. На СП во Италија кое се одржа во 1990 година , како преставници на Интер во финалето беа Бреме, Клинсман и Матеус. 1994 година во САД дел од финалето беше Берти, а четири години подоцна во Франција пехарот го подигнаа Џоркаеф и Роналдо.
Традицијата продолжи и во 2002 година во Јапонија и Ј.Кореја кога во финалето играше бразилецот Роналдо, додека во 2006 година во Германија како преставник на „нероазурите“ се појави Матераци. Весли Снајдер беше играчот на Интер кој настапи во финалето на СП во 2010 година во Јужна Африка, додека во Бразил пред 4 години Паласио ги бранеше боите на Аргентина.
Оваа година, на СП во Русија Интер има два свои играчи и тоа во дресот на репрезентацијата на Хрватска, Перишиќ и Брозовиќ кои ќе се борат за трофејот, а од друга страна ја продолжуваат серијата на присуство на играчи од Интер во финалето на СП.