Селекторот на репрезентацијата на Тунис, Набил Малул, ја напушти функцијата. 55-годишниот стратег поднесе оставка и во иднина ќе го предводи катарскиот тим Ал-Духаил.
Малул беше назначен за селектор на репрезентацијата на Тунис во април 2017 година. Тој стана втор Тунижанец во историјата, кој успеа да го одведе националниот тим на Светското првенство.
Тунижаните загубија два натпревари во групната фаза на светското првенство – од Англија (1:2) и од Белгија (2:5), додека во битка за третото место во групата ја совладаа Панама со 2:1.