Бразилецот од екипата на Реал Мадрид, Марсело, вчера упати срдечна порака до Кристијано Роналдо, збогувајќи се со својот пријател. Според “Кориере дела Сера”, сепак, тагата на 30-годишниот играч нема да трае долго, бидејќи тој е исто така на листата на посакувани фудбалери во Јувентус.
Според информациите, Јувентус подготвува износ од 40 до 60 милиони евра за да го привлечат и Марсело во Торино. Бекот на Реал Мадрид е дел од мадриѓани од 2006 година и е еден од најценетите играчи во клубот.