Фабио Капело кој своевремено седеше на клупата на Англија и на Русија, вели дека Хрватска направи сензација откако влезе во финалето на Мундијалот. „Тоа што го направи земја со само четири милиони жители е навистина чудо. Се прашувам каде ги наоѓаат тие таленти. Хрватска е одличен тим. Толку борбеност и заедништво… Имаат патриотизам и одличен дух“ – истакна Капело.
Фудбалерот на Англија, Фабијан Делф, вели дека имал можност да ја почувствува атмосферата меѓу фановите додека неговите соиграчи водеа битки на СП во Русија.Тој во еден период доби дозвола да се врати дома бидејќи доби принова во семејството.„Колегите не ми веруваа кога им кажав што се случува.Штета што нема да играме во финалето“ – изјави Делф.
Гери Линекер не ја пропушти шансата да ја критикува ФИФА бидејќи дозволи СП во 2022 година во катар да се реализира во период кога се играат шампионатите речиси во целиот свет. „СП во 2022 година ќе се одигрува во период од 21 ноември до 18 декември. Мислам дека е штета, бидејки ќе треба да чекам 8 години за да го гледам наредното вистинско СП“, порача Линекер.