Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ, ја доби наградата „Златна топка“ која му се доделува на најдобриот играч на еден Мундијал. Тој воедно постави и рекорд во националниот дрес. 32-годишниот играч од средниот ред денеска против Франција го одигра 12-тиот натпревар за „коцкестите“ на Светските шампионати. Досега рекордот го држеше Дарио Шимиќ со 11 мечеви.
Фудбалерот на Франција, Антоан Грисман, кој постигна гол од пенал на мечот со Хрватска (4:2), беше избран за најдобар играч во финалето на Светскиот шампионат во Русија. Гризгман го заврши МУндијалот со четири голови и две асистенции.
Белгија постави нов рекорд на Светските првенства откако успеа да совлада пет тимови од различни Континенти. Тоа беа: Англија (Европа, УЕФА), Тунис (Африка), Панама (Централна Америка, КОНКАКАФ), Јапонија (Азија,) и Бразил (Јужна Америка, КОНМЕБОЛ). Белгија заврши на третото место на Светското првенство откако во малото финале ја совлада Англија со 2-0.