Фудбалерите на Шкендија доживеаа пораз од 4 спрема 0 на теренот на ТНС, но, продолжија во наредната рунда во Лигата на шампионите благодарение на победата во првиот меч со 5 спрема 0.
Нашиот состав започна конфузно и дозволи противникот уште во 15. минута да дојде до предност со голот на Еб. Домаќинот од 30-та до 35-та минута преку Редмонд и Кабанго направи и убедливи 3-0.
ТНС продолжи да напаѓа и во вториот дел а Шкендија не успеа да испарира. ТНС во судисокот надополнување со голот на Берн имаше и 4-0, но, тоа беше се што успеа да направи.