Новото и најголемо засилување на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе дебитира во дресот на Јувентус на 12-ти август во Италија.
Како што е познато Португалецот ќе ги пропушти натпреварите од турнирот „International Champions Cup“, кој ќе се одржи од 20 јули до 12 август, како и натпреварот со ѕвездите на Американската Мејџор Сокер лига (МЛС) на 1 август.
Покрај 33-годишниот Роналдо, на претстојниот турнир нема да учествуваат и другите фудбалери на Јувентус кои играле на Мундијалот во Русија. Роналдо се очекува да дебитира за тимот на традиционалниот пријателски натпревар против младинскиот тим на Јувентус.
Дуелот е планиран на 12-ти август во Вилар Пероса, родното место на претседателот на клубот Андреа Ањели.