Реал Мадрид ја договорил една од најголемите ѕвезди на Челзи и репрезентацијата на Белгија Еден Азара, тврди француското издание „Le10sport“.
Според последните информации двата тима постигнале согласност за цената на белгискиот репрезентативец, а договорот е во вредност од 190 милиони евра.
Токму оваа сума ќе влезе во касата на „сините” од англиската престолнина, кои најпосле според истиот извор се согласиле да се разделат со својот најдобар фудбалер. Пред два дена се зборуваше дека од Реал се подготвени да платат 300 милиони евра за Куртоа и Азар, но очигледно само офанзивниот фудбалер влегува во нивните планови.
Во текот на следните денови ќе стане јасно дали информациите на весникот се точни и дали овој трансфер ќе биде реализиран.