Барселона не се откажува од своите амбиции за да го привлече играчот од средниот ред на Челзи и бразилската репрезентација, Вилијан.
Според „Скај Спорт“, каталонците направиле трета понуда за Вилијан и се надеваат дека овој пат „сините” ќе ја прифатат. Најновата понуда на Барселона е со вредност од 55 милиони фунти и е многу подобра од претходните две понуди.
Самиот фудбалер, исто така, сака да ја промени средината по 5 години поминати на „Стемфорд Бриџ“ и сака да се пресели на „Камп Ноу“. Манчестер Јунајтед уште еден од тимовите кои исто така имаат интерес за овој играч.