Потегот на Месут Озил да ја напушти репрезентацијата на Германија со објаснување дека не се чувствува пријатно да го носи дресот на „панцирите“ откако беше мета на навивачите, повлече реакција на видни личност од германскиот фудбал.
Ули Хенес, првиот човек на Баерн Минхен, нема разбирање за таквата одлука на играчот на Арсенал кој доби лавина од критики откако се појавии на слика со претседателот на Турција, Реџеп Ердоган.
„Кога Озил го одиграл последниот квалитетен меч во репрезентацијата? Јас ви велам дека поминаа неколку години. Тој само сака да манипулира со јавноста“ – изјави Хенес.