Фудбалскиот состав, Сампдорија, објави дека го ангажирала голманот, Рафаел Кабрал, со слободен трансфер. Досега Бразилецот го носеше дресот на Наполи, но, откако неговиот договор со клубот заврши, тој се одлучи да си замине.
Затоа популарните, „морнари“, успеаа да го ангажираат без надомест. Рафаел кој беше доведен во Сан Паоло во 2013 година, во наредната сезона одигра 23 натпревари во Серијата „А“, но, со враќањето на Пепе Реина, повторно седна на клупата. Во наредниот период одигра само два меча.
Сампдорија иако на официјалниот сајт ја објави веста за ангажманот на Кабрал, сепак, не наведе за колкав период ќе биде соработката и колкава ќе биде неговата плата.