Фудбалерите на Шкендија доколку го поминат тимот на Шериф од Молдавија ќе треба да се соочат со Салцбург од Австрија во третото елиминациско коло во Лигата на шампионите.
Така сакаше денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Македонскиот првак утре на Арената во Скопје ќе го одигра првиот меч со Шериф а реваншот ќе биде по седум денови на теренот во Молдавија.
Доколку Шкендија излезе како вкупен победник од тој двомеч, тогаш четата на Османи ќе има навистина тешка задача против австрискиот состав кој има богата традиција во европските купови.