Само што дојде во Милан, Пепе Реина би можел веднаш да го напушти својот нов тим. Шпанскиот голман беше привлечен од „росонерите” како слободен агент, но веќе се зборува за негова продажба во тимот на Челзи, каде што ќе биде заедно со својот поранешен тренер во Наполи Маурицио Сари.
Интересно во случајот е дека Сари го отфрлил предлогот да го привлече во составот првиот голман на Милан Џанлуиџи Донарума. Ако трансферот на Реина во Челзи биде реализиран, тогаш 7-кратниот освојувач на Лигата на шампиони ќе пријави приходи од 8 милиони евра.
Во меѓувреме, голманот патува со Милан на турнејата во САД, која ќе трае до 5-ти август. Таму тимот ќе учествува во „Интернационалниот куп на шампиони 2018″. Гигантот од Милано има натпревари против Манчестер Јунајтед (25-ти јули) во Лос Анџелес, против Тотенхем (31-ти јули) во Минесота, како и против Барселона на 4 август во Санта Клара.
Самиот Реина, исто така, ги коментираше гласините за неговиот трансфер во Челзи:
“Челзи? Ова се хипотези. Многу сум среќен што му се придружив на ваков голем клуб. Тоа е токму она што ме интересира во момент. Сари е тренер кој ми даде многу. Се чувствувам многу блиску до него и му посакувам се најдобро” изјави Реина.