По трансферите на Раџа Наинголан и Матео Политано, на кои може да им се придружи и Лутаро Мартинез, Интер може само да си дозволи играчи на позајмица.
Затоа Малком беше продаден во Рома, поради што трансферот на Артуро Видал сè уште не е постигнат. Со цел да си дозволи уште едно силно име, Интер мора да се ослободи со некој од Жоао Марио, Матијас Весино и Роберто Гаљардини.
Во последните часови се појавија гласини дека Спортинг (Лисабон) има желба да го врати во своите редови португалскиот репрезентативец Жоао Марио, кој беше продаден на Интер за 45 милиони евра во летото 2016. По потресите во португалскиот клуб раководството на Спортинг е решено да ги смири навивачи на тимот со трансфер на високо ниво.
Проблемот со трансферот може да биде високата плата на Жоао Марио од 4 милиони евра. Интер за возврат ќе бара околу 30 милиони евра за својот фудбалер, а парите од евентуална зделка ќе бидат инвестирани во трансферот на Артуро Видал.