Португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, обелодени дека планира да купи уште двајца фудбалери во текот на летниот трансфер период.
„Црвените ѓаволи“ досега потрошија 70 милиони фунти за услугите на напаѓачот Фред кој дојде од Шахтјор и дефанзивецот, Далот, кој беше купен од Порто. Искусниот тренер сака да направи конкурентен тим за новата сезона и затоа нема намера да престане со ангажирање на нови фудбалери.
Мурињо иако најави дека ќе обезбеди засилувања, не сакаше да ги открие нивните имиња.