Селекторот на нашата машка ракометна репрезентација У-20, Данило Брестовац, од денеска го презема кормилото на првата екипа на Металург.
„По три години добивам можност да се вратам дома и да бидам поблиску до семејството и тоа во клубот кој го сакам како мој. Јас не сум Дејвид Коперфилд, па да дојдам со магично стапче и да направиме чуда.Треба да направиме многу работи за да одиме напред во Европа“ – изјави Брестовац.
Новиот тренер на Металург допрва ќе одреди кој ќе му помага во стручниот дел во екипата и каков ќе биде планот за подготовки.