Диего Армандо Марадона повторно влегува во брачните води откако ја побара раката на својата долгогодишна пријателка Росио Олива. Легендарниот Аргентинец и предложил брак на нејзиниот 28-ми роденден, пренесе весникот „Мирор“.
Олива му го кажал судбоносното „да”, а двајцата веќе имале конкретни планови за свадбена церемонија.
Роденденската забава на Росио Олива се одржала во Бела Виста, Буенос Аирес. Марадона го побарал својот омилен дијамантски прстен. Се се случило само неколку часа откако легендата уште еднаш го привлече вниманието со своето несоодветно однесување.
Дон Диего и Росио имале речиси 50 гости на настанот. Мајката на Оливија – Моника, и сестрата на Марадона – Жана, кои биле пресреќни поради овој настан.
„Среќна сум, бидејќи тоа е мојот последен роденден, во кој јас сум „сингл”. Мило ми е што успеав да го споделам овој среќен момент со сите вас. Мојата желба е да бидеме вечно среќни со Диего”, рече Росио Олива во својот говор пред гостите. Марадона е во врска со Олива од 2012 година, откако се разведе од својата прва жена, Клаудија Виафане. Нивниот брак траеше 17 години.
Легендата ја побара раката на Олива уште во 2014 година во Рим, но тоа било без прстен.