Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој 10-тина години го носи дресот на „кралскиот клуб“, вели дека никогаш не помислил дека ќе освои толку многу трофеи.
„Клубот е предодреден да освојува титули, секогаш мора да триумфира и да постигнува големи успеси. Знаев дека ќе имам тешки години бидејќи играм за најдобриот клуб во светот“ – изјави фудбалерот за официјалната веб страна на Реал и воедно посочи на кои два сегмента работи новиот тренер Лопетеги.
„Тој сака неговиот тим да има голем посед на топка, работиме многу на тоа, но, работиме напорно и на моментите кога треба да направиме пресинг“ – нагласи напаѓачот на Реал.