Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, планира да се ослободи од четворица играчи. Тој откако го продаде Дени Вард во Лестер за 14 милиони евра, планира да ја раскине соработката со уште неколку фудбалери.
За Дени Ингс тимот на Кристал Палас понудил 23 милиони евра. Голманот, Симон Мињоле, е блиску до трансфер во Бешикташ за сума од 13-14 милиони фунти додека Лазар Марковиќ би можел да отиде во Олимпијакос за околу осум милиони фунти.
Последен на листата е Ориги за кого е заинтересирана Валенсија. Шпанците треба да понудата околу 20-ет милиони за да го добијат играчот на „црвените“.