Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, беше задоволен од перформансите на тимот во контролата против Тотенхем, што Каталонците го добија по подобро изведување на пенали. Сепак, тренерот е загрижен за повредите што Андре Гомеш и Денис Суарез кои ги добија за време на натпреварот.
„Момчињата беа многу кул во изведувањето на пеналите. Видов повеќе позитивни работи отколку негативни, особено во првиот дел. Најлошото вест за вечерва е повредите на Суарез и Гомеш. Најверојатно ќе ги изгубиме до крајот на турнејата.
Со нетрпение го очекуваме најдоброто од Јери Мина. Добро е што тој постигнува голови, но имаме играчи за тоа. Ме интересира дефанзивниот дел, бидејќи тој е одбрандбен играч. Артур направи добро деби, тој беше многу мотивиран. Имавме помалку сомневања за Ленгле, бидејќи доаѓа од шпански тим и во случајот со Артур, добро е што брзо се прилагодува”, изјави Валверде по натпреварот.