Францускиот дефанзивец од екипата на Барслеона, Лукас Диње, од денеска и официјално е нов фудбалер на Евертон. Англискиот премиерлигаш го потврди трансферот на 25-годишниот бек.
Според официјалната веб-страница на англискиот клуб, 25-годишниот фудбалер потпишал договор до 2023 година. Претходно медиумите објавија дека англискиот клуб ќе и плати на Барселона 20 милиони евра, плус бонуси.
„Евертон е голем клуб со голема историја. Сакам да играм, да победувам и да ги радувам навивачите“, изјавил Диње по потпишувањето на договорот.