Кристал Палас ја отфрли првата понуда на Челзи за крилниот играч, Вилфред Заха. Според венсикот „Сан“, предлогот бил вреден 30 милиони фунти плус Даниел Дринквотер.
Изданието додава дека „орлите” сакаат да добијат 45 милиони за Заха плус бонуси и процент од наредна продажба. Одбивањето на Кристал Палас е добра вест за менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино, кој исто така го сака Заха во составот на Тотенхем. Досега Тотенхем не привлече ниту едно ново засилување, но „Сан” очекува раководството на Тотенхем да ги плати бараните 45 милиони фунти.
Кристал Палас возврат секој момент треба да ги финализира трансферите на Макс Мејер, кој доаѓа како слободен играч од Шалке 04, и Шејйку Којате, за кого ќе бидат платени 10 милиони фунти на Вест Хем.