Челниците на Англиската фудбалска асоцијација имаат желба да го продолжат договорот на селекторот на националниот тим Герет Саутгејт и по завршувањето на Евро 2020.
Популарноста на поранешниот дефанзивец скокна многу во изминатите два месеци за време на Мундијалот 2018, каде Англија стигна до полуфиналето.
Саутгејт доби договор за четири години во ноември 2016 година, откако се наметне на брз начин и да се наметне како добра замена на компромитираниот Сем Алердајс.
„Герет е одличен и ние би сакале тој да остане на чело на националниот тим и по 2020 година. Мислам дека и ние го сакаме, и тој ни се допаѓа. Но во моментов е на одмор, па кога тој ќе се врати, ќе започнеме преговори” изјави директорот на ФА Мартин Глен.
47-годишниот Саутгејт пред тоа беше менаџер на својот омилен Мидлзброу и на младинската репрезентација, а е споредуван со Јоаким Лев, кој е на чело на Германија од 2006 година. „Дел од проблемите на англиската репрезентација пред тоа беше што не успевавме да најдеме селектор за долг период “, додаде Глен.