Напаѓачот на Манчестер Сити, Бразилецот Габриел Жезус го продолжи договорот со својот клуб. Како што информираа од редовите на „граѓаните“, новиот договор на бразилскиот фудбалер ќе биде зкалучно со јуни 2023 година.
Претходно, медиумите објавија дека двете страни долго време не можеа да најдат компромис по прашањето за продолжување на договорот. Бразилецот го одби предлогот за продолжување на договорот со плата од 90 илјади фунти неделно, по што од Сити мораа да подготват нова понуда. Се чини дека втората понуда за плата од 100 илјади фунти неделно е прифатена, по што и дојде до потпишување на нов договор.
Минатата сезона, 21-годишниот одигра 29 натпревари за Сити во премиер лигата и постигна 13 гола.