Фиорентина денеска успеа да позајми уште еден фудбалер Како што објавија медиумите, а потврди и англискиот премиерлигаш Евертон, од денеска нов играч на италијанскиот прволигаш е и Кевин Миралас.
Белгискиот интернационалец заминува во Фиренца на позајмица од една година. Во договорот Миралас може да биде откупен на крајот на сезоната, но цената на евентуалниот трансфер не е обелоденета. Миралас минатата сезона ја заврши како позајмен во грчки Олимпијакос.