Играчот од средниот ред на екипата на Челзи, Вилијан изјави дека нема да го напушти имот ова лето. Претходно медиумите објавија дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го купи Бразилецот со евентуална размена со Ентони Марсијал.
„Јас сум среќен во Челзи. Сакам да играм добро и да освојувам трофеи. Мене, овде ми е добро, иако само три дена сум на тренинзи. Се разбира, се уште не сум во најдобра форма, но со клубот треба да гледаме напред. Започнува новата сезона и ние посакуваме да освоиме некој трофеј. Имаме нов тренер и неговата филозофија, нов стил на игра, треба да се прифатат со напорна работа секој ден“, изјавил Вилијан.