Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел е многу близу до трансфер во германска Борусија (Д). Германски „Билд“ утрово објави дека германскиот тим веќе се согласил да му плати на кинески Тијанџин сума од 20 милиони евра за Белгиецот.
Витсел треба да потпише четиригодишен договор со Борусија со плата од 10 милиони евра по сезона. Играчот најверојатно денеска ќе му се приклучи на германскиот тим натренинг кампот во Швајцарија.