Дефанзивецот на Барселона, Јери Мина од синоќа и официјано е нов фудбалер на англиски Евертон. Во трката за потписот на овој млад дефанзивец победија „карамелите“ кои се договорија со Барселона да и платата 32 милиони евра за корпулентниот дефанзивец.
Во следните часови клубовите треба само да се договорат за некои детали од договорот. Мина ќе потпише петгодишен договор со англискиот клуб.
Мина се пресели во Барселона во јануари 2018 година. Во изминатата сезона одигра 5 натпревари, но имаше одличен настап на СП во Русија, по што за него се заинтересираа неколку големи клубови.