Фудбалерите на Барселона, кои играа за националните тимови на Франција, Хрватска, Белгија, Бразил, Колумбија и Уругвај на СП 2018 во Русија, го одржаа денеска првиот тренинг со тимот, соопштува официјалниот сајт на шпанскиот шампион.
Кон активностите на тимот се приклучија Семјуел Умтити, Иван Ракитиќ, Томас Вермален, Филипе Кутињо, Јери Мина и Луис Суарез. Шестмината тренираа заедно со Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пике и Жорди Алба, кои се на располагање на тимот од минатата недела.
На самиот тренинг се приклучија уште Сержи Сампер, Осман Дембеле и Марк-Андре Тер Штеген. Првиот натпревар на Барселона во новата сезона е на 12 август против Севиља кој е дел од Суперкупот на Шпанија.