Фудбалерот на Реал Мадрид Матео Ковачиќ најави бојкот се додека не стане јасна неговата иднина. Хрватот изјавил дека нема да се приклучи на подготовките на тимот, пишува весникот “Марка”.
24-годишниот фудбалер инсистира да биде продаден. Тој сака да премине во тим каде што ќе игра редовно и сака тоа да се случи што е можно поскоро. За да го притисне раководството на „кралскиот клуб”, играчот одлучил да остане во својот дом и нема да тренира под раководство на Јулен Лопетеги, а за тоа го информирал тренерот.
Допрва ќе видиме каква ќе биде реакцијата на челниците на Реал Мадрид, кои сепак не се воодушевени од одлуката на Хрватот.