Арсенал се откажа од дефанзивецот Калум Чемберс и го испрати на позајмица во редовите на новиот првемиерлигаш, Фулам. Пред само еден месец 23-годишниот фудбалер потпиша нов 4-годишен договор со “топчиите”, но Унаи Емери проценил дека за младиот дефанзивец ќе биде подобро да добие поголема минутажа во некој друг клуб, пред следната година да с еврати во редовите на лондончани.
„Многу сум возбуден од овој трансфер. Го гледав Фулам минатата сезона и бев импресиониран од она што го видов. Сигурен сум дека тимот ќе одигра довро во Премиер лигата и се радувам што ќе имам можност да играм тука“, призна Чемберс.