Екипата на Шкендија вечерва на „ред Бул Арената“ во Салцбург против домашниот тим ќе го одигра првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ова ќе биде досега најсериозниот тест за шампионот, кој има желба да стигне и до плеј-офот во најквалитетното европско натпреварување.
Во претхнодните две кола, македонскиот првак го елиминираше ТНС од Велс и молдавскиот шампион Шериф.
„Среќни сме што сме тука за да се соочиме со еден голем тим како Салцбург. Тоа е силен противник, кој сигурно дека ќе ни зададе тешка задача. Добро го анализиравме противникот и знаеме што не очекува, но тоа не значи дека предвреме ќе се предадеме. Напротив, ние сме тука да го дадеме најдоброто од себе“, изиави на прес-конференцијата пред средбата, тренерот на тетовци, Ќатип Османи.
Дуелот стартува од 19 часот, а реваншот ќе биде следната недела во Скопје.