Севилја тргнува по напаѓачот на Милан, Андре Силва, објавија италијанските медиуми. Шпанците ќе се обидат до крајот на летниот трансфер период да го обезбедат потписот на напаѓачот на „росонерите“ кој не е во првите планови на Гатузо за новата сезона.
Цената која Милан ја бара за силва е 32 милиони евра, што не им одговара на претставниците на шпанскиот клуб. Севиља ќе се обиде најпрвин да го позајми 22-годишниот напаѓач за една сезона со право на натамошен откуп. Претходно, Милан ја засили навалната линијата со ѕвездата на Јувентус Гонзало Игуаин, а вчера реши да го продаде Никола Калиниќ во Атлетико (М).
Андре Силва е дел од Милан од летото 2017 година, а минатата сезона одигра 40 меча и постигна 10 гола.