Интер успеа да се договори со Монако за напаѓачот Кеита Балде, тврдат италијански извори. Фудбалерот дури и беше изоставен од списокот на играчи за мечот со Нант во 1. Коло од Лига 1, што јасно укажува дека го напушта клубот од кнежеството.
Двата тима веќе се договориле за сите детали околу зделката, како Интер ќе го земе играчот на позајмица до крајот на сезоната и во договорот меѓу двете страни ќе има опција за перманентен трансфер вреден 34 милиони евра.
За отспатницата на кеита Балде, Монако ќе добие 5 милиони евра.