Севиља се закани дека ќе го бојкотира Шпанскиот Супер куп против Барселона. Трофејот ќе биде доделен за прв пат во еден натпревар, а средбата треба да се одигра вечерва во Мароко.
Шпанската фудбалска федерација вчера објави дека за оваа средба нема да има ограничувања за играчи кои се државјани на земји надвор од Европската унија, бидејќи натпреварот не е дефиниран како „професионален”. За Шпанскиот шампионат, тимовите имаат право да користат три играчи кои немаат пасоши од земјите на ЕУ.
„Во Севиља сме изненадени од одлуката на шпанската фудбалска федерација 24 часа пред Супер Купот, се вели во официјалната изјава од Севиља. Во оваа одлука се вели дека не постојат ограничувања за играчи кои се државјани на земји надвор од Европската унија. „Во сезоната која треба да започне наскоро само тројца можат да играат. Адвокатите на клубот го разгледуваат случајот и, со оглед на тоа дека Барселона игра со повеќе од три играчи кои не се членки на ЕУ, тоа ќе биде причина да се откажат” се вели во соопштението на Севиља.
Артуро Видал, Малком и Артур најверојатно ќе заземаат три места во тимот на Барса. Каталонците го зеле во Мароко и дефанзивецот Марлон, кој исто така не е државјанин на земја од Европската унија. Пред два дена Филипе Кутињо зел португалско државјанство по линија на неговата сопруга, а Луис Суарез и Лионел Меси се со пасоши од ЕУ.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде даде изјава во однос на промената на правилото: „Суперкупот не е класифициран како професионален натпревар. Не знам што да ви кажам. Мислам дека во Севиља се професионалци, како и ние. По сите проблеми што ги имавме оваа недела со играчи надвор од ЕУ, можеа да не предупредат порано” изјави Валверде.