Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро, од синоќа и официјално е нов фудбалер на Валенсија. Двата тима објавија дека постигнаа договор за трансферот на Французинот, оставајќи некои детали кои треба да се допрецизираат.
31-годишниот Гамеиро беше дел од Атлетико од 2016 година за кој одигра 83 натпревари и постигна 27 гола во сите натпреварувања. Французинот ќе биде втор нов напаѓач во Валенсија во последните три дена, откако пред само 24 часа клубот го донесе и белгискиот репрезентативец Батчуај од Челзи.