Дефанзивниот играч на Реал Мадрид Алваро Одриосола е повреден и најверојатно ќе го пропушти Европскиот Супер куп, објави шпанскиот клуб.
Фудбалерот има мускулна повреда на десната нога, но сè уште не е јасно колку долго ќе му биде потебно за да се опорави.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Супер Купот на Европа ќе се одржи во Талин (Естонија) во среда од 21.00 часот.