Валенсија официјално го објави привлекувањето на Кевин Гамеиро, кој потпиша тригодишен договор со „лилјаците“.
Напаѓачот доаѓа од Атлетико Мадрид, се тврди дека сумата за трансферот изнесува 16 милиони евра, што може дополнително да се зголеми во зависност од неговиот успешен настап. Французинот ги поминаа медицинските тестови, а потоа и официјално го преставија од тимот. На 82 настапи за Атлетико, постигна 27 гола и 11 асистенции.
„Очекувам да продолжам да освојувам трофеи, секоја година освојувам најмалку по еден трофеј во последните 6 сезони. Верувам дека ќе постигнам најмалку 20 гола во новата сезона “, рече Гамеиро, а прашањето за тоа кој е подобар – Атлетико или Валенсија одговори: „Валенсија “.
Тој може да дебитира против неговиот поранешен тим следниот понеделник, кога двата тима ќе се сретнат во натпфреварот од првото коло на шпанскиот шампионат.